Кондарко за приговорите: ДИК не работи според Фејсбук, туку според закон


Фото: Б. Грданоски

Борис Кондарко на денешната седница на ДИК истакна дека сите записници на избирачките одбори биле чисти и потпишани од целокупниот состав. Не виделе ниту една забелешка за текот на гласањето, ниту за сумирањето на резултатите. Согласно изборниот законик, сите учесници имаат право на свои партиски претставници кои ја следат работата на гласањето.

„Имавме регуларни избори. Целата јавност можеше да види каков беше одзивот. ДИК не е шалтер изгубено-најдено, па некоја партија ако и фалат гласовите да ги бара во ДИК. ДИК ги утврдува гласовите на граѓаните. ДИК ја почитува волјата на граѓаните. Партиите да не ја мешаат политиката во ДИК, а гласовите да си ги бараат кај граѓаните. Никој не може да манипулира за наводни неправилности во работата на ДИК. Ова што се наведува во приговорите е класично мешање на политиката во ДИК, ова е клеветење на изборниот процес. Приговорните се целосно паушални и неосновани. Ова важи и за претходно  отфрлените приговори на Левица и за сите наредни приговори кои ќе ги разгледуваме,. Сите имаат исти наводи и основи. ДИК не работи врз основа на Фејсбук, туку врз основа на закон“ – рече Кондарко.