Концертот на „Дајте музика“ презакажан за 18 јуни на Стадионот на АРМ


Поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на нова дата- 18 јуни, в сабота, на истата локација- стадион на АРМ во Скопје!

Концертот се одржува на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на диџеј Тиесто. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени “старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен, вели организаторот Авалон продукција.

Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18 јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06). 

Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk.