Концертна вечер „LIVE ON BROADWAY“ со гости од Државната опера во Русе


Концертна вечер насловена „LIVE ON BROADWAY“ ќе се одржи вечер во 19 часот во Филхармонијата, со изведба на безвременски мелодии од најомилените мјузикли во историјата на Бродвеј.

На коцертот ќе настапат гостите од Бугарија, талентираниот изведувач Рафи Бохосјан, како и солистите на Државната опера во Русе – сопранистката Даниела Караиванова и драмскиот тенор Борис Луков, заедно со оркестарот и хорот на таа опера под диригентство на Вилијана Валчева.

Настанот се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Бугарија.

Влезот за концертот е слободен.