Kонцертна промоција на „Мирно лето“ од Александар Велики


„Мирно лето“ е вториот лонгплеј за скопскиот артист Александар Велики, познат и како бас гитарист во ПМГ Колектив. Наследникот на Првиот Македонец во вселeната (Балкан Велики 2018), издание со кое Александар Велики се претстави како прилично зрел автор, кој има што да каже.

Иако многумина го доживеаа тој албум само како пријатно изненадување на домашната сцена, со својот втор лонгплеј труд Александар Велики веќе може да се смести во категоријата на сериозни артисти, оние што за не многу долго време успеваат да издадат завиден број квалитетни песни.

Мирно лето е составен од осум нови поп-песни за живот и смрт, снимени и продуцирани од триото Гавровски/Евтимов/Попов, во последниве пар години поставата на ПМГ Колектив. Овие тројца ќе бидат и музичарите што ќе го отсвират промотивниот концерт за албумот „Мирно лето“, кој за издавачката куќа ПМГ рикордингс веќе излезе на 19 октомври.

Kонцертот може да се следи во живо, а ќе биде пренесуван и преку социјалните мрежи на МКЦ.
Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор.