Концерт „Од архивите на МРТ“ во Филхармонија


Во Филхармонија вечер ќе се одржи концерт на оркестарот на Танец насловен „Од архивите на МРТ“. Концертот е по повод 80 години од основањето на МРТ, 75 години од основањето на Танец и Народниот оркестар на МРТ, како и 70 години од раѓањето на композиторот Тодор Трајчевски.

-Оркестарот на Танец, раководен од маестро Дарко Илиевски ќе возобнови дел од богатата архива на Македонската радио телевизија, односно ќе отсвири партитури кои се неотуѓив дел од македонското наследство, композиции од врвните мајстори кои создавале за Народниот оркестар за време на неговото постоење, соопштија од НУ Танец.

Концертот ќе почне со кус пригоден разговор со Благоја Десковски, последниот раководител на Народниот оркестар, а потоа ќе биде изведена целовечерна програма составена од композиции од најзначајните автори на аранжмани и творби за Народниот оркестар, и тоа од речиси од сите периоди на постоењето на оркестарот.