Концерт на учесници од Шпанија на 15. Меѓународен фестивал на класична гитара „Тремоло”


Во рамки на 15. Меѓународен фестивал на класична гитара „Тремоло” што го организира Детскиот културен центар „Карпош”, вечер од 19 часот во Филхармонијата ќе гостуваат Ел Сонидо дела Вида – Карлос Санчез  од Шпанија. 

Фестивалот има три концертни вечери – почна вчера со настап на најдобрите млади класични гитаристи, а ќе продолжи утревечер во Музејот на македонската борба со настап на гитаристи од Тајван и Франција.  Влезот за концертите е слободен.

-Покрај трите концертни вечери, во текот на овој музички фестивал ќе се одржат и мастер часови и работилници од областа на класичната гитара и фламенко, соопшти Детскиот културен центар „Карпош”.

Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло” е под покровителство на Град Скопје.