Концерт на стадионот на АРМ во мај- како звучи Масимо Савиќ на отворено?


Регионалната поп-ѕвезда Масимо Савиќ , до сега настапуваше во Универзални сала,  МОБ, Македонска филхармонија и конечно пролетва ќе пее на голем концерт на отворено во Скопје, во организација на „Авалон продукција“.

Вториот пост-ковид open air концерт во Македонија (само еден ден после концертот на Deep Purple), ќе се случи на на 29 мај на стадионот на АРМ во Скопје.

Сет листата ќе биде полна со хитови од целата негова кариера од Dorian Gray и Sjaj u tami, па се` до последниот хит „Mali krug velikih ljudi“, кој се закити со наградата „Порин“ во категоријата „Песна на годината“ за 2021 година. 

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок 1 април, низ продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории: Партер 900, Фан Пит 1.200 денари и Вип 1500 денари.