Концерт на пијанистот Симон Трпчески во Лондон


Во рамки на Пролетната серија концерти на „Вигмор Хол“, утре пијанист Симон Трпчески во престижната концертна сцена во Лондон ќе одржи матине концерт насловен „Трпчески и пријателите“.

На овој концерт сцената со Трпчески ќе ја делат Ѓорѓи Димчевски на виолина, Сорин Спасиновици од Романија на виола, Александер Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет и Влатко Нушев на перкусии.

Концерото ќе се пренесува во живо на веб-страницата на „Вигмор Хол“, а видеото ќе биде достапно 90 дена по датумот на емитување. Почетокот на едночасовниот настап е закажан за 13 часот по британско, односно 14 часот по средноевропско време.

– Во меѓувреме, издавачката куќа Лин рекордс, по големиот интернационален успех на ЦД-то на кое Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија изведуваат програма со дела од Шостакович, веќе за крајот од овој месец го најави и излегувањето на првиот самостоен компакт диск за познатата британска етикета на која Симон Трпчески ќе се претстави со дела од Моцарт, Брамс и Бетовен, се наведува во соопштението.