Концерт на Нина Бадриќ на 29 август во Охрид


На 29 август, Охрид ќе биде домаќин на концертна вечер што има сè за да стане едно од највпечатливите музички случувања на крајот од летото. На сцената на Античкиот театар пристигнува Нина Бадриќ, артист чиј глас, стил и музички идентитет повеќе од три децении имаат посебно место на регионалната сцена.
 
Во време кога музичката индустрија постојано создава нови имиња и краткотрајни трендови, Нина Бадриќ останува ретка константа. Кариера изградена без компромиси, репертоар што го издржа тестот на времето и песни што денес се пеат со истата сила како и во моментот кога беа создадени.
 
„Čarobno jutro“, „Takvi kao ti“, „Dani i godine“, „Rekao si“, „Dodiri od stakla“, „Dat će nam Bog“ се само дел од музичката приказна што на 29 август ќе прозвучи под отвореното охридско небо.
 
Карти преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.