Концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“


Мандолинскиот оркестар „Скопје“ вечер од 19 часот во Националната опера и балет ќе го одржи традиционалниот годишен концерт, со кој ќе одбележи 20-годишен јубилеј. Концертот ќе се одржи под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри.
 
-Во своето 20-годишно опстојување, оркестарот е добитник на многубројни први, специјални и гран-при награди на фестивали и натпревари надвор од државата, претставувајќи достоен амбасадор на македонската музичка култура и уметност, се наведува во соопштението за најавата на концертот.