Концерт на гитаристката Ана Поповиќ во Филхармонија


Гитаристката Ана Поповиќ и нејзиниот бенд, во рамките на светската турнеја „Power Tour“, вечер ќе одржат концерт во Македонската Филхармонија.

Како што е најавено, настанот ќе биде од регионален карактер, поради фактот што концертот во нашата држава ќе биде единствен во регионот за целата турнеја. На оваа турнеја Ана Поповиќ го промовира нејзиниот најнов албум „Power“.

-Многубројните награди и признанија од највисоките рангови на музичката индустрија, вклучувајќи осум блуз музички награди, се доказ за нејзината 25 годишна кариера и посветеност на музиката. Ана Поповиќ со текот на годините се покажа како динамичен и посветен изведувач и текстописец, кој заедно со својот бенд ја има споделувано сцената со врвни артисти како B. B. King, Gary Clark Jr., Jeff Beck, Joe Bonamassa, сооштија од „Спектаклум Продукција“ кои се организатори на концертот.

Настанот е дел од културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата во 2028 година.