Концерт на германскиот пијанист Лука Шестак во Филхармонија


 Германскиот пијанист Лука Шестак прв пат ќе настапи вечер во Македонска Филахармонија како дел од неговата европска турнеја.

Во најавата за концертот, организиторот МГ Мјузик Продукција, наведува дека пијанистот и композитор Лука Шестак, е светски признат по својата виртуозност, комбинирајќи класична музика со џез, поп, блуз, фанк, хип-хоп и електронски стилови, со неверојатни 30+ милиони прегледи на неговиот You Tube канал, а воедно и добитник на меѓународни престжни награди во областа на музиката.

По издавањето на синглот „ Right or Wrong“ за Sony Music во 2020 година, Шестак се враќа до неговите корени со албумот „Lighter Notes“ со кој и премиерно ќе се претсави на македонската публика.

– Во текот на годините, мојата музика беше под влијание на џез, фанк, поп, блуз, хип хоп и електро битови. Со „Lighter Notes“ сакав да создадам албум кој ги прикажува овие влијанија, но не е „вообичаениот“ албум со џез звук што може да се очекува. Тоа е повеќе судир помеѓу жанровите и звучните светови, вели Шестак во пресрет на концертот во Скопје. 

Концертот почнува во 20 часот во големата сала на Филахармонија.