Концерт на Екстраваганца фантази квартет во Камерната сала на Филхармонија
Екстраваганца фантази квартет, вечер, во 19 часот, ќе одржи концерт во Камерната сала на Филхармонијата во Скопје, во организација на Друштвото за македонско – германско пријателство и соработка и Гете институтот.
Квартетот го сочинуваат Јордан Костов (Скопје, Северна Македонија) на хармоника и Андреас Гинтер, пијано и саксофон (Берлин, Германија) кои ќе ги придружуваат младите македонски музичари Андреа Мирческа (контрабас) и Драган Теодосиев (тапани).
-Со задоволство ве покануваме на музичко патување „Кулермунд-изрази од разиграниот ум“. Придружете ни се на музичкиот одраз на далечните патувања, култури и луѓе, повикуваат од Extravaganza Fantasi Quartet.