Концерт на „Диши љубов“ во петок во Филхармонија


На 25 март во петок, во концертната сала на Филхармонија, музичко-поетскиот и визуелен перформанс насловен „Диши љубов“ ќе ја одржи својата премиера.

Бендот е составен од Џијан Емин – гитара, вокал, Драган Гиновски – гитара, Ади Имери – гитара, вокал, Дарко Мучев – бас гитара и Гоце Стевковски – тапани.

Како што рече на денешната прес-конференцијата Џијан Емин, концерот во основа зборува за љубовта, за воздухот, за Скопје, за сите нас.

-Концерот во основа зборува за љубовта, за воздухот, за Скопје, за сите нас и за се она што се случува помеѓу нас како луѓе, за нашето општество, за социјалниот дефект во светски рамки и ова е обид да ако можеме некако да придонесеме овој свет во кој што живееме, барем за момент да стане малку поубав, додаде Џијан Емин.

Премиерата требаше да се одржи пред две години, но беше спречен поради коронавирусот.  Инаку, како што рече Џијан Емин, музиката има две нивоа, а четири димензии на доживување. Музичкиот дел ќе биде надополнет со магичниот гудачки ансамбл.

 

-Едниот елемент се песните кои ќе бидат изведени со бендот, поткрепени со гудачкиот ансмбл и вокалната група, и тие се релативно кратки форми, околу 5 минути трае секоја композиција. Помеѓу тие композиции ќе имаме визуализација и додека трае, ќе имаме и нарација. Наратор е Атанас Атанасовски и тој ќе ја раскаже приказната. Додека тој раскажува ќе имаме дополнителна музика која е исто многу важна но е различна од она што ние го свириме, објасни Џијан Емин.

Емил Петров ќе биде задолжен за визуелизациите на самиот проект, ќе има поставени визуелни елементи во самиот простор.

-Музичкиот дел ќе биде надополнет со магичниот гуадчки ансамбл, а ќе имаме и шест прекрасни млади дами кои со нивните гласови дополнитлено ќе ја збогатат убавината на целата музика. Материјалот кој што ќе го свириме на музичко поетско визуелниот перформанс е веќе снимен, и треба дополнително да се доснимаат уште неколку рбаоти, по завршување на настанот во петок ќе влеземе во продукцијска акција и ќе имаме издание од песните кои ќе бидат изведени под настанот во петок, додаде Џијан Емин.

Тој напомена дека по премиерата планирани се и настапи во јужна Босна, а исто така ќе имаат настапи и низ сите државата. Првиот настап го планираат во Македонска Каменица.

Автор на текстовите на сонговите, како и на расказот е музикологот Тина Иванова.

Настанот што ќе се одржи во пеотк е во организација на „Music Incubator“ и на Здруженито на џез музичари