Концерт на Бајага на 12 септември на стадионот на АРМ


Неделата во која во Скопје треба да бидат Електрични Оргазам на 11 септември, потоа фестивалот SKOPJE CALLING (со Vini Vici, Mahmut Orhan, Djaikovski, Maurice West и Cyrillic) на 12 септември, ќе се заокружи со славенички концерт на Бајага и Инструктори на најубавата локација во градот, стадионот на АРМ, соопштува организаторот „Авалон продукција“.

На капацитет од 15.000 посетители, ќе бидат пуштени само 4.000 карти во продажба за концертот на којшто Бајага и Инструктори ќе ги свират сите свои хитови од супербогатата 35 годишна кариера, придружувани од хор и оркестар, а под диригентската палка на легедарниот диригент Војкан Борисављевиќ.

Влезниците во ограничен број ќе бидат пуштени во продажба во понеделник во 09 часот наутро онлајн на avalon.mk, Avalon Music & Ticket Store и продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија, по следниве цени и категории:

 

ПАРТЕР – 700 денари

ФАН ПИТ – 1000 денари (само 500 влезници во продажба)

 

Концертот на Бајага и Инструктори ќе трае три часа, а за гостите коишто ќе ја отворат вечерта и ќе настапат како предгрупа, ќе бидете дополнително известени.

Носењето на заштитни маски ќе биде задолжително за сите, без исклучок, согласно препораките и протоколите за одржување на јавни настани кои се одобрени од Министерството за здравство и од Комисијата за заразни болести за превенција од Ковид 19.