Концерт на Александра Радовиќ на 6 април во Филхармонија


Маестралната пејачка Александра Радовиќ на 6 април доаѓа во Скопје, каде што ќе одржи ексклузивен концерт во незаменливиот амбиент на Филхармонија.

Од моментот кога се појави на музичката сцена, помина низ различни фази, но музиката секогаш беше нејзин печат и музика на искуство.

Покрај огромниот успех и 20 години долга кариера, таа и понатаму одбива да зборува за себе. Пред очите на јавноста пласираше само онолку колку што е потребно, а во нејзино име, богато зборува само нејзината музика. Тоа, сепак, не значи дека нема да открие како нејзината „кариера е утешна награда“, како нејзината ќерка е „оаза на спокојството и љубовта“ и како „Бивши драги“ е една од нејзините омилени автобиографски песни.

Нејзиниот сензибилитет и емотивните интерпретации ја направија една од уметниците чии изведби се музички настан кој не се пропушта. Покрај нејзините најголеми хитови „Чувам те“, „Бивши драги“, „Живео крај“, Александра ќе изведе и неколку нови песни, кои сигурно ќе го најдат своето место во вашите срца. Затоа, не пропуштајте овој пат да уживате во нејзиниот заносен глас и да се предадете на магијата на нејзините песни.

Влезниците за овој концерт ќе бидат пуштени во продажба веќе од утре и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.