Концерт „Џез-лектира: Quintessence by Quincy Jones!” вечер во Филхармонија
Со концертот насловен „Џез-лектира: Quintessence by Quincy Jones!”, вечерва во просториите на Филхармонија почнува новата концертна сезона на Националниот џез-оркестар.
Како што најавија од установата, центарот на вниманието ќе биде огромниот и влијателен биг-бенд опус на музичкиот гениј Квинси Џонс. Од неговите почетоци во 1959 година, па сè до неговиот подоцнежен период како аранжер и продуцент, концертот ќе понуди уникатна прилика за слушање ексклузивни неиздадени аранжмани, како и композиции што го оформиле неговото култно музичко наследство.
Како солисти на овој концерт ќе настапат истакнати имиња од македонската музичка сцена – Калина Велковска, Светлана Јовановска, Ана Петановска, Дејан Бобиќ – Дексо, Сашо Гигов-Гиш и Џон Илија Апелгрен, а диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов.