Кон: Белград е вистинска епидемиолошка бомба, претходно го решававме со полициски час


 

Српскиот епидемиолог Предраг Кон, изјави дека Белград е вистинска епидемиолошка бомба затоа што има огромен број места каде корона вирусот може нагло да почне да се пренесува.

Гостувајќи во РТС, апелираше на почитување на мерките и на вклучување на сите инспекциски органи и оние кои треба да ги спроведуваат сите мески.

„многу е важно да сфатиме дека сега сме во викенд, а тоа беше врмее кое претходно го решававме со полициски час, а сега тоа го нема и сега ја имаме само сопствената свест и тоа е многу важно да се контролира“, вели Кон.

На прашањето каква е моменталната сосотојба во Србија и дали е поминат пикот на вториот брам, Кон вели дека тоа е сриозно прашање.

„Ние сме на високо ниво и стабилизирање на таа крива, одиме по самиот раб, посебно во Белград“, вели Кон.

Објасни дека кога се вели оти вирусот ги пробил епидемиолошките бариери, тоа не значи ека епидемиолозите не ја работат својата работа, туку дека и понатаму ги следат контактите.

„Суштината е дека вирусот е во народот и дека релативно слободно се пренесува и дека тоа мора да се сфати, оти сега немаме полициски час кој ни ја решаваше таа ситуација и сѐ што е пропишано мора да се почитува“, истакна Кон.

Потсети дека задолжитело мора да се носат маски во затворени простории и на отворено каде не може да се држи дистанца од 1,5 метри.