Комунална хигиена-Скопје почна со замена на дотраените пластични контејнери

Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со
замена на дотраените пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни
метри. На локациите каде што досега се употребуваа стари и дотраени
садови, се поставуваат сосема нови садови наменети за одлагање на
комуналниот отпад.
Досега се заменети контејнерите на 20 локации во следните скопски
општини: Ѓорче Петров – на улиците Васил Чакаларов, Ѓорче Петров и
Никола Пушкаров; Карпош – на улицата Рузвелтова; Центар – на булеварите
Митрополит Теодосиј Гологанов и Партизански одреди и улиците Орце
Николов и Кочо Рацин; Чаир – на булеварите Филип Втори и Крсте Петков
Мисирков и улицата Џон Кенеди.
ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека и во претстојниот период ќе продолжи со
активностите за замена на старите пластични контејнери во сите скопски
општини.