Компостарите во Скопје поставени, но не работат
Компостарите кои во последниот период ги поставуваше Град Скопје, со цел намалување на аерозагадувањето и каде требаше да се одлага органски отпад, не работат, сведочи советникот во Советот на Град Скопје, Горјан Јовановски.
На денешната седница, на дневен ред беше и Иницијативата за превземање мерки за заштита на квалитетот на воздухот во Скопје произлезени од граѓанското климатско собрание на Скопје, но Јовановски укажа дека не треба таа само да се изгласа, туку треба да се имплементира.
Праша што е со оние иницијативи и одлуки кои Советот веќе ги изгласал, но во пракса не функционираат.
Посведочи дека се обидел да однесе во компостарите органски отпад, но таму наишол на машини завиткани во пластична фолија, а наоколу ни еден вработен кој работи и кој би оперирал со компостарите.
Јовановски смета дека на тој начин нема да се избориме со загадениот воздух во Скопје.
Тој не сака да се најде во ситуација да им заврши мандатот, а да не се направи ништо за намалување на загадувањето на воздухот во градот.(Б.Б.)
Биокомпостара во Скопје – од 1.000 кг биоотпад ќе прави 200 кг компост