Комплетирана групната фаза во Лигата на шампиони, Интер остана и без Лига Европа


Реал Мадрид, Борусија Менхенгладбах, Атлетико Мадрид и Аталанта се последните патници во шеснаесетфиналето во Лигата на шампиони, откако вечерва се комплетираше групната фаза во елитното клупско натпреварување.

Реал Мадрид се справи со императивот од победа и славеше на домашен терен над Борусија Менхенгладбах, а германскиот тим и покрај поразот му се приклучи на шпанскиот првак, благодарение на ремито без голови на Интер против Шахтјор.

ПСЖ во продолжението на прекинатиот меч во вторникот славеше убедливо над Башакшехир со хет-трик на Нејмар и два голa на Килијан Мбапе, и како првопласиран во Х-групата обезбеди пласман во нокаут фазата.

Претходно вечерва, пласман во завршницата обезбеди и Аталанта, откако италијанскиот тим славеше на гостувањето кај директниот конкурент Ајакс.

Пласман во шеснаесетфиналето изборија:, Баерн Минхен, Манчестер сити, Порто, Ливерпул, Аталанта, Челзи, Севиља, Борусија Дортмунд, Лацио, Јувентус, Барселона, ПСЖ, Лајпциг, Реал Мадрид, Борусија Менхенгладбах и Атлетико Мадрид.

Жрепката за 1/16 финалето ќе се одржи на 14 декември. Првите натпревари ќе се играат на 16, 17, 23 и 24 февруари следната година, додека реваншите ќе бидат на програмата на 9, 10, 16 и 17 март.

А-група:
Баерн Минхен – Локомотив Москва 2:0
Салцбург – Атлетико Мадрид 0:2.
Табела: Баерн Минхен 16 бода, Атлетико Мадрид 9, Салцбург  4, Локомотив Москва 3.

Б- група:
Реал Мадрид – Борусија Менхенгладбах 2:0
Интер – Шахтјор 0:0.
Табела: Реал Мадрид 10 бода, Борусија Менхенгладбах  8, Шахтјор 8,  Интер 6.

Ц-група:
Олимпијакос – Порто 0:2
Манчестер сити – Олимпик  Марсеј 3:0.
Табела:  Манчестер сити 16 бода, Порто 13, Олимпијакос 3, Олимпик Марсеј 3.

Д-група:
Ајакс – Аталанта 0:1
Митјиланд – Ливерпул 1:1.
Табела: Ливерпул 13 бода, Аталанта 11, Ајакс 7, Митјиланд  2.

Х-група:
ПСЖ – Башакшехир 5:1.
Табела: ПСЖ 12 бода, Лајпциг 12, Манчестер јунајтед 9, Башакшехир 3.