Компанијата „ВИК“ ќе добие државна помош за втор инвестициски циклус

Во Владата денеска ќе биде потпишан договор со компанијата „ВИК Македонија“ за државна поддршка за вториот инвестициски проект на компанијата.

Договорот ќе го потпишат вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и генералниот менаџер на компанијата „ВИК (WIK) Македонија“, Вернер Шоеб.

Компанијата „ВИК Македонија“ работи во технолошко-индустриската развојна зона „Прилеп“. Станува збор за германска семејна компанија која произведува мали електрични уреди наменети за домаќинствата. Во 2018 година беше потпишан договор со оваа компанија за државна помош.