Компанијата „Гилеад“ преговара за производство на лекот „ремдесивир“ за Европа и Азија


Американската компанија „Гилеад Сајанс“ соопшти дека преговара со производителите на хемиски производи и лекови за производство на антивирусниот лек „ремдесивир“ за Европа, Азија и земјите во развој до крајот на 2022 година.

Компанијата исто така соопшти дека преговара за долгорочно лиценцирање со неколку производители на генерички лекови во Индија и Пакистан за тие да го произведуваат лекот „ремдесивир“ за земјите во развој.

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) неодамна ја одобри употребата на „ремдесивир“ за лекување пациени заболени со новиот коронавирус.

Неодамнешно клиничко испитување покажа дека лекот помогнал да се скрати времето за опоравување нај луѓето кои се сериозно болни.