Коморска делегација од турскиот град Зиле во посета на МАТТО


Стопанска делегација од турскиот град Зиле, од провинцијата Токат во црноморската област, составена од производители и трговци со земјоделски машини и прехранбени производи, денеска престојува во посета на Стопанската комора на Македонија – Турција, МАТТО.

Тие се  заинтересирани за пронаоѓање на партнери за соработка во земјава.

Земјодлеството, сточарството и трговијата се главите економски активности на Зиле, кој е центар за производство на житарки и е еден од најголемите извозници на пченица, јачмен, леќа и граорки во регионот на Црно Море. Зиле е познат и по производство на грозје, леблебии, цреши и друго овошје.