Комората на северозападна Македонија ќе ги промовира 100-те најуспешни компании


Стопанската комора на северозападна Македонија денеска ќе го промовира каталогот „Топ 100“.


Каталогот е посветен на 100-те најуспешни компании кои се сопственост на бизнисмени Албанци или се дел и од регионални или меѓународни групации каде доминира албански капитал.

На настанот, како што е најавено, ќе се обрати вицепремиерот задолжен за координација на економските ресори Кочо Анѓушев.