Комисијата за заразни болести утре ќе расправа за граничниот режим со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји, соопшти Министерството за здравство.

Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија. По состанокот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство ќе информира за одлуките на комисијата, стои во соопштението.