Комисија ќе го испитува случајот со родилката што скокна од ГАК


 На барање на министерот за здравство Фатмир Меџити, формирана е комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката Б.М од Скопје, која скокна од првиот кат на Гинекологија.

Комисијата за стручен надзор е формирана откако беше извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). 

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата е составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од Министерството и има задача да изврши надзор над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката.

-По добивање на извештајот  од стручен надзор, јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба. Исто така, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно извештајот на ДСЗИ, соопшти Министерството за здравство.