Комерцијална банка: Со ново руво и вредни подароци, Верверичката е подготвена за Денот на штедењето

Верверичката на Комерцијална банка во недела ќе се дружи со дечиња во Cineplexx во Skopje City Mall, а во вторник ќе ги посети сите родилишта во земјава за да подели штедни книшки


 

Нашата Верверичка е секогаш вредна и навреме подготвена за Меѓународниот ден на штедењето 31 октомври. А, оваа година е особено возбудена затоа што се појави со ново руво и со многу подароци и вредни изненадувања за новороденчињата на 31 октомври и за многу други дечиња.

„Детското штедење е навика права за иднина здрава“, ви порачува Верверичката на Комерцијална банка. Таа во недела ќе се дружи со дечиња во Cineplexx во Skopje City Mall, а во вторник ќе ги посети сите родилишта во земјава за да подели штедни книшки со подарок штеден влог во износ од 5.000 денари на сите новороденчиња од 31 октомври. Оваа мисија Верверичката ја остварува веќе 17 години.

Детското штедење Верверичка е производ со кој Комерцијална банка посебно се гордее затоа што е наменет за најмалите, за нивни здрави навики и безгрижна иднина. Верверичката на Комерцијална банка се грижи што повеќе родители да се информираат за предностите на детското штедење и што повеќе деца да пораснат обезбедени со штеден влог кој ќе им помогне да остварат многу желби и потреби во иднината. За секоја нова детска штедна книшка Верверичката им подарува и касичка со цел создавање навика за штедење од мали нозе.

Токму затоа и децата се чести гости во Комерцијална банка, каде се запознаваат не само со штедењето и неговото значење, туку и со парите, финансиите и улогата на банките во секојдневниот живот. Ние се грижиме секоја личност да си обезбеди здрава финансиска иднина и благосостојба. А, штедењето како навика е еден од основните чекори за здрава иднина!