Комерцијална банка со нова кампања: Вие купувате-ние донираме


Фото: Б. Грданоски

Комерцијална банка започна нова кампања по повод 25 години Mastercard® на Комерцијална банка на македонскиот пазар.

-Во периодот од 15 декември 2020 до 8 јануари 2021 година, за секоја трансакција направена со Mastercard® од Комерцијална банка на продажни места и онлајн, ние од сопствени средства ќе донираме за грижа на деца со аутизам.

Со оваа кампања, за време на празничниот период заедно ќе направиме нешто бесценето. Вие со вашите картички ќе купувате брзо, безбедно и едноставно, а ние од сопствени средства ќе донираме за подобрување на животот и развојот на децата со аутизам. Вие купувајте – ние донираме!

Во оваа кампања ќе учествуваат сите трансакции направени со Mastercard® картичките од Комерцијална банка за физички и правни лица, како и трансакциите направени со дигитализирана картичка преку апликацијата KomPay.

По завршувањето на кампањата ќе го објавиме собраниот износ, велат од Банката.