Комерцијална банка подели парични награди за членови на Надзорниот одбор


Сава Димитрова, Таки Фити, Александра Максимовска Стојкова, Сашо Наумоски, Горан Антевски, Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми повторно се избрани за членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка, соопшти Банката откако се одржа Собранието на акционери.>Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4 години, а надоместокот што ќе им се исплаќа за нивно учество на седниците е  21.000 денари.

Собранието на акционери, исто така, одлучи да ги награди членовите на Надзорниот одбор за работењето во 2018 година. Вкупно за таа намена е издвоен бруто-износ од 16.585 евра или по 2.369  бруто по член на одборот.