Комерцијална банка ќе биде еден од главните спонзори на РК Вардар


Комерцијална банка го доби главното рекламно место на дресот на Вардар за новата ракометна сезона, а тоа значи дека ќе биде еден од најголемите спонзори на тимот, објавува МКД.

Вардар денеска го презентираше дресот за следната сезона, а на местото на кое стојат најголемите спонзори на тимот покрај Ватростална на претседателот Михајло Михајловски, се најде и Комерцијална банка АД Скопје.
Тоа значи дека реномираната македонска банка ќе биде една од компаниите кои најмногу ќе допринесат за полнење на клупскиот буџет на Вардар.
И по заминувањето на Самсоненко, Вардар ја продолжува соработката со Хумел кога е во прашање спортската опрема на тимот.