Колумбија нема да дозволи слетување на американските авиони со депортирани


 Претседателот на Колумбија, Густаво Петро изјави дека нема да дозволи слетување на американските авиони со кои се превезуваат мигрантите.

– САД не можат да ги третираат колумбиските мигранти како криминалци, напиша Петро на Икс, додавајќи оти Вашингтон треба да смисли протокол што ќе овозможи „достоинствено да се третираат мигрантите“.

Министерството за надворешни работи на Бразил синоќа соопшти дека ќе побара од САД објаснување за „понижувачкото однесување“ кон Бразилците на летовите за депортација. Бразилците беа вратени со лисици на рацете, а дел од патниците изјавија дека биле понижувани за време на летот.

Мексико пред два дена соопшти дека нема да дозволи слетување на авионите со мигранти.