Колосална грешка на Ердоган за тектонска промена


Додека го држеше својот победнички говор во изборното седиште на неговата партија во неделата вечерта, новиот опозициски градоначалник на Истанбул објави дека неговиот триумф на општинскиот натпревар со висок политички влог означи нов почеток. „Сакаме да почнеме ново поглавје, нова ера“, изјави Екрем Имамоглу во преполната соба со медиуми и партиски активисти, додека еуфоричното скандирање однадвор се пробиваше низ прозорците.

Тоа е токму она што ќе го загрижува Реџеп Таип Ердоган. Турскиот претседател изгради сериозна политичка кариера зад себе со својата прва победа како градоначалник на Истанбул пред 25 години. Сега, откако се коцкаше со повторување на изборите по загубата на првото гласање за градоначалник во март, градот кој служеше како негова лансирна рампа премина во рацете на енергична и мотивирана опозиција предводена од Републиканската народна партија (ЦХП).
„Ова е најлошиот неуспех што му се случил“, вели Синан Улген, претседател на Едам, истанбулска тинк-тенк група. „Ова ќе ја охрабри ЦХП и турската парламентарна опозиција бидејќи сега цврсто ја контролираат не само Истанбул туку и (главно сите) турски големи градови“, додаде тој.
Извонредната победа на Имагоглу во повторувањето во неделата беше резултат на големата грешка од страна на Ердоган, кој се бореше во последниве години со еродирачка поддршка во врска и намалувањето на западните врски, потклекнувањата на економијата и обвинувањата за растечки авторитаризам. Откако ја изгуби контролата врз низа градови на локалните избори што се одржаа низ цела Турција на 31 март, претседателот и неговата владејачка партија за правда и развој (АКП) се насочија кон повторување на изборите во најважниот од сите нив.

Тие тврдеа дека изборите во Истанбул – поранешен османлиски главен град кој носи длабоко политичко, економско и симболично значење за Ердоган и неговите приврзаници – биле манипулирани со нерегуларности и измами. Изборниот одбор на Турција го поништи резултатот и му ја анулира тесната победа на Имамоглу и нареди повторно гласање. Во неделата електоратот на Истанбул одговори така што му испорача голема победа на Имамоглу со 54 отсто. Неговиот ривал од владејачката партија, поранешниот премиер Бинали Јилдирим, освои 45 отсто. Разликата во гласови е огромна. Таа изнесува 800.000, иако во првото гласање разликата беше само 13.000 гласа.
Победата на Имамоглу го нагласува успехот на промената на тактиката од страна на ЦХП. Со години партијата не беше во можност да се ослободи од репутацијата за агресивен секуларизам и верен национализам. Ова беше отуѓување на благочестивата база на АКП, како и на припадниците на големото курдско мнозинство.

49-годишниот поранешен општински градоначалник – кој, како и Ердоган, потекнува од конзервативното црноморско крајбрежје – постеше за време на светиот исламски месец рамазан и ја демонстрираше својата способност да рецитира пасуси од Куранот. „Имате човек кој, првпат по 17 години, всушност, има способност да земе дел од конзервативните гласови“, вели Суат Киниклиоглу, поранешен пратеник на АКП и визитинг-прфесор на Универзитетот во Оксфорд. „Тоа е менување на играта за АКП“.
Круцијално, ЦХП соработуваше со другите, вклучувајќи и партијата доминирана од Курдите, за да формира сојуз кој би можел да предизвика сериозен предизвик за АКП и нејзините сојузници. Ним помошта им дојде и од длабоките економски проблеми, кои го разнишаа имиџот на АКП како гарант за растечки просперитет и работни места. Победата на Истанбул е огромна симболична победа, но исто така има и непосредни практични последици. Со години, АКП уживаше единствена контрола на општинскиот буџет од четири милијарди долари, користејќи го за да ги одржи патронажните мрежи што претставуваа столб на нејзината поддршка.
Сега таа алатка ја нема. „Дали Ердоган ќе дозволи буџетот на Истанбул да биде релативно автономен? Ќе му дозволи ли на Имамоглу вистински да ги искористи ресурсите што треба да ги регулира?“, се прашува Мерве Тахироглу, истражувачки аналитичар во Фондацијата за одбрана на демократиите во Вашингтон. „Сите овие се големи прашања“.
На олеснување на опозицијата, АКП брзо реагираше да го прифати поразот во неделата вечерта. Јилдирим му честиташе на својот противник дури и пред државната новинска агенција да почне да ги објавува резултатите. Подоцна, Ердоган користеше твитови за да му се придружи честитајќи му на новиот градоначалник. Сепак, патувањето најверојатно нема да биде мирно пловење за опозицијата. Некои аналитичари сметаат дека Ердоган сега ќе се сврти кон планот Ц, барајќи да го поткопа Имагоглу, обидувајќи се да го притисне неговото финансирање или да го гони преку судовите.

Во својот говор по победата, Имамоглу го повика претседателот да работи со него за прашањата од подготвеноста за земјотреси до помошта за половина милион сириски бегалци во градот. „Подготвен сум и имам желба да работам со вас во хармонија“, рече тој.
Но неговата импресивна победа во тешки услови – и одгласите на неговата приказна со онаа на Ердоган – ја прават споредбата неизбежна. Во неделата вечерта тој ја опиша задачата да управува со Истанбул како „света должност“ и вети дека ќе се фокусира на справување со сиромаштијата и невработеноста и воспоставување повеќе зелени површини. Осврнувајќи се на одлуката да му се одземе неговата првобитна победа, Имагоглу изјави дека граѓаните на Истанбул „го сметаат за одговорен малиот грст луѓе за големата неправда што им била направена во оваа земја“. Тој додаде: „Победникот на овие избори не е едно лице, една партија, една група или еден сегмент. Целиот Истанбул и Турција победија“.
Овој резултат е пораз за претседателот Ердоган и неговите следбеници за арогантниот одговор. Ердоган веројатно не е изненаден. Сосема зачудувачки, со оглед на неговиот уникатен изборен успех и дека ова се само локални натпревари, тој минатиот пат рече дека борбата за Истанбул е прашање на национален опстанок. Во периодот до март тој имаше митинзи до осум пати на ден.

Ова е анатема на претседател кој поларизира до тој степен што ги обвини неговите противници за терористичка поддршка. Ова покажа дека Таип Ердоган може да биде поразен, а тоа е сеизмички.
Кадри Гурсел, водечки либерален колумнист и еден од стотиците новинари зафатени во чистките по обидот за државен удар против Ердоган во средината на 2016 година, објасни дека резултатот од Истанбул е политичка тектонска промена. Препорачана Рула Калаф Фантастика се бори против слободата на мислата во Турција Овој изборен земјотрес во Истанбул се случува во предвечерието на смешно шоу-судење против наводните оркестратори на граѓанскиот бунт од средината на 2013 година – обележан со кратката истанбулска комуна на плоштадот Таксим што потоа се прошири низ урбаната и крајбрежната Турција. Тие се спротивставија не само на плановите за реконструкција на локалниот парк туку и наметливоста на владата на Ердоган во личните и социјалните слободи.
Ердоган и подредените обвинители велат дека академиците, правниците и филантропите поврзани со Џорџ Сорос ја користеле комуната на Таксим како извор за државниот удар во 2016 година. Ердоган има многу причини да биде претпазливи во Истанбул, но сепак тоа е неговиот роден град. Имагоглу успешно изгради широка коалиција против АКП, која ЦХП – тесно поврзана со поранешната владејачка елита, изградена од Мустафа Кемал Ататурк, основач на републиката – не можеше да ја стокму во модерните времиња.


Тоа може да биде делумно затоа што, по неговата кратко раководење во Истанбул, тој истовремено се смета и за инсајдер и за аутсајдер: суштината на мистиката на Ердоган. Ова може да ги отклучи дополнителните проблеми за турскиот моќник, кој безмилосно ги отстрани речиси сите што му помогнаа на неговиот пат кон власта. Тука спаѓаат поранешниот премиер Ахмет Давутоглу, поранешниот претседател Абдула Ѓул и поранешниот потпретседател и економист, Али Бабачан. Се чини дека тие конечно ја собраа храброста да најдат ривал на АКП. Гледајте го овој простор. (Фајненшел тајмс)