Колку пати Зеленски треба да му рече благодарам на Трамп?


Колку пати претседателот на Украина, Володомир Зеленски, треба да му рече „благодарам“ на Доналд Трамп, претседател на САД, за помошта што не тој, туку Џо Бајден и ја даваше изминатите години на Украина?

Оваа дилема беше дел од интервјуто на CNN со државниот секретар на САД Марк Рубио , откако од Вашингтон протекоа нејасни сигнали што наводно ги налутило на средбата која од разговор се претвори во кавга, а која надвор беше оценета како однапред планирана „заседа“ за да дигнат раце од инволвираноста околу Украина, бидејќи лажно ветуваа дека ќе ја решат војната за 24 часа. 

Според изјавата на Рубио, не било доволно што Зеленски во континуитет се заблагодаруваше на САД за помошта, туку морал тоа да го каже баш на тој состанок и баш на Трамп.  

Освен што од Белата куќа сакале Зеленски да се заблагодари, подоцна бараа и да се извини иако според сите оценки сценариото беше подготвено однапред.Еве како течеше конверзацијата со Рубио:

CCN:За што конкретно сакате Зеленски да се извини?

Рубио: За претворање на оваа средба во фијаско. Работата излезе од шините кога Зеленски го  праша Венс  „За каква дипломатија зборувате?“ Не можеш да доаѓаш тука  да ни држиш предавања за тоа како дипломатијата нема да функционира, рече Рубио.