Колку најдолго може да живее човек без проблеми? Животниот век на жените се разликува од животниот век на мажите, мала е разликата


Иако за некого годините се само бројка, на други воопшто не им се допаѓа кога се приближуваат до педесеттите или шеесеттите. Животниот век на една личност се менува од деценија во деценија, поточно се зголемува. А ако се прашувавте која е максималната возраст до која човек може да живее, еве го одговорот.

Научниците од Универзитетот Еразмус во Тилбург и Ротердам спроведоа интересна студија. Тие го проучувале периодот во кој умреле 75.000 луѓе во Холандија за 30 години до 2017 година. Интересно е што тие не се фокусирале на очекуваниот животен век.

Истражувачите сакале да испитаат колку долго може да живее поединецот доколку се грижи за себе. Земајќи во предвид колку години имале луѓето во студијата кога умреле, откриено е дека просечниот животен век на една личност во 90-тите.

Научниците сугерираат дека е малку веројатно дека човекот ќе живее повеќе од 115 години, но откриле дека жените имаат малку подолг животен век од мажите. Додека максималниот животен век на жените беше 115,7 години, се проценува дека мажите можат да достигнат максимум 114,1 година.

“Во просек луѓето живеат подолго. Се разбира, просечниот животен век е зголемен. Сепак, самата максимална горна граница не е променета”, вели професорот Џон Ајнмал, еден од тројцата научници кои го спровеле истражувањето, пренесува Index.hr.

Инаку, најстариот човек на светот кој влегол во Гинисовата книга на рекорди бил Јапонецот Џироемон Кимура, кој доживеал 116 години.