Колку долго алкохолот се задржува во организмот


Возењето под дејство на алкохол не е опасно само за возачот, туку и за оние кои ќе му се најдат на патот. И без оглед на тоа, многумина од нив сè уште седат зад воланот водени од мислата дека нема да се случи ништо лошо. Понекогаш дури и мали количини алкохол може да влијае на нашата способност за безбедно возење.

Дали воопшто знаеме колку долго алкохолот останува во нашето тело?

„Кога алкохолот влегува во крвта, тој поминува низ црниот дроб, кој го разградува. За разградувањето е одговорен ензимот алкохол-дехидрогеназа, чие количество во црниот дроб зависи од фреквенцијата на внесувањето храна. Значи, не само што ги чувствуваме неговите ефекти многу брзо консумирајќи го на празен стомак, туку алкохолот останува во крвта подолго и има посилен ефект врз мозокот“, вели д-р Џорџ Коб, директор на Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам.

„Главната работа на вашиот црн дроб е да ја филтрира крвта што тече од вашиот дигестивен систем до остатокот од телото. Во процесот на разложување на алкохолот што го консумирате, црниот дроб се среќава со токсини. Прекумерната потрошувачка на алкохол може да го замасти црниот дроб, а може да се формираат лузни, кои потоа го ограничуваат протокот на крв. Може да предизвика смрт на клетките на црниот дроб, што може да ја ослаби неговата функција“, истакнува Коб.

Колку алкохолот ќе остане во вашето тело зависи од вашата висина, тежина и возраст.

„Повеќето луѓе можат да разложат половина пијалок за еден час, или 30 милилитри. Просечното време што му треба на црниот дроб да разложи чаша 250 милилитри вино е три часа. За половина литар пиво ќебидат потребни два часа“, истакнува Коб.

Според американскиот центар за третман на зависности, алкохолот може да се открие до шест часа подоцна во крвта, околу 12 до 24 часа во здив, урина и плунка и до 90 дена во косата. (Health)