Колку часа сон му се потребни на секој хороскопски знак?


Многумина научни истражувања потврдуваат дека квалитетниот сон е клучен за човековото здравје. Но, што вели астрологијата на оваа тема? Кои важат за најголеми спанковци помеѓу дванаесетте претставници на Зодијакот? Кому, пак, спиењето му е еднакво на џабе потрошено време?

Потребната количина на сон се разликува од човек до човек. А, ако може да им се верува на астролозите, истата е поинаква и за сите хороскопски знаци.

По колку часа поминуваат во кревет? Колку време му е сосема доволно на секој од нив – за да се наспие и одмори?

Во продолжение, прочитајте што велат ѕвездите по тоа прашање:

Овен

Седум часа би требало да бидат доволни.

Дните на презафатените Овни се секогаш динамични, па се чини дека тие имаат неисцрпна енергија. Не сакаат да ги забавуваат своите дејствија, ниту пак да губат време. Дури ни на спиење.

Сепак, седум часа им е оптималниот интервал за сон. Таман да ги наполнат батериите за уште еден ден, исполнет со многу нови подвизи и дострели.

Бик

Добри осум и пол часа.

Стабилноста, луксузот и смиреноста царуваат во светот на Биковите. Tие се најсреќни кога ќе се најдат дома.
Долгиот ноќен сон, пак, на квалитетен кревет и уште подобра перница, за нив претставува висок приоритет.

Па, треба да ли насоберат енергија и за градинарство, готвење и прошетки во природа? Не исцрпува само работата!

Близнаци

Или шест, или девет часа. Нема средина.

Доследноста никогаш не им била одлика на Близнаците. Скокањето од една книга на друга, маратонското гледање серии, сурфањето на интернет до доцни часови, а и одењето на забави, целосно им го нарушува биоритамот.

Сепак, тие се максимално прилагодливи, па секогаш надоместуват во своја полза. Кога ќе почувствуваат дека им недостасува добар и квалитетен сон, тие ќе се исклучат од сè, па ќе си отспијат девет часа без прекин.

Рак

Девет и пол часа длабок сон.

Креветот претставува најомиленото место на светот за Раковите. Тие сакаат да бидат сами и да уживаат во сопствениот мир. Имаат и мали ноќни ритуали при подготовките за спиење.

Времето за кревет им е и време за книга, за водење дневник, но и за сè она што ги опушта и релаксира. Така се справуваат со мноштвото емоции и промени на расположението во текот на денот. По ваквата рутина, тие конечно ја одмараат својата чувствителна душичка, тонејќи во долг и длабок сон.

Лав

Шест и пол часа.

За многумина се премалку и би биле исцрпени, но не и за Лавовите. Лесниот сон го компензираат со ведриот и игрив дух, па ним им се сосема доволни за да се чувствуваат освежени и да го зграпчат денот.

А, им даваат и повеќе време да се дружат, да излезат на забава, да вежбаат, како и да го прават сето она што го исполнува еден класичен ден во нивниот живот.

Девица

Точно седум часа и четириесет и седум минути.

Аналитичкиот и практичен ум на Девиците, пак, до наносекунда има разработено колку точно сон им е потребно за да се одморат, ама истовремено и да не претераат.

Не грижете се за нив. Овој перфекционистички знак си припрема совршен план како да остане здрав и остроумен.

Вага

Седум и пол часа.

Животот на Вагите се сведува на рамнотежа, а таа важи и задолжителниот сон за убавина и здравје. Ним не им е тешко да заспијат.

Меѓутоа, честопати не ги добиваат идеалните осум часа, бидејќи нивниот активен социјален живот подразбира доцни прибирања дома. Ама, затоа си обезбедуваат минимум седум и пол часа, кога и да се во можност.

Шкорпија

Луксузни десет часа.

Што и да прават, Шкорпиите го прават интензивно. Дури ни сонот не е исклучок. Тие обожаваат долго да спијат, затоа што знаат дека одморот ќе им ги наполни батериите за следниот ден.

Поточно, за сите страствени активности со кои ќе се занимаваат на јаве.

Стрелец

Зависи од временската зона.

Како светски патници со потполно исполнет календар, Стрелците никогаш не се докрај сигурни ни колку е часот во земјата каде моментално се наоѓаат, а камоли колку часа спиење им се потребни.

Овој знак се води од помислата дека животот е прекраток за соништа. Попрво би се забавувал, имал авантура, или, пак, запознал нови луѓе, одошто да спие.

Сепак, ниту тие нема да му одолеат на комфорниот кревет во хотелската соба.

Јарец

Полни осум часа.

Секој ден е нова прилика за исполнување на некоја неостварена цел. А, сите Јарци мошне добро знаат дека успешните луѓе се и добро наспани луѓе.

Бидејќи се личности кои секогаш мора негде да одат или нешто да сторат, сосема јасно е зошто е така. Па, тие се држат до оптималните осум часа, коишто се препорачани од страна на експертите.

Водолија

Пет, седум, осум, девет. Кој ли да ги знае?

Водењето сметка за проспиените часови е последениот начин на кој тие би сакале да си го изгубат своето драгоцено време.Со немирниот дух и талкачкиот ум, Водолиите во постела заминуваат само кога се исклучително уморни, а се дигаат од креветот во истиот момент кога ќе ги отворат очите. Сè друго за нив е бесмислено.

Риби

Минимум девет часа.

Нивната неверојатна интуиција и шесто сетило се извонреден дар за Рибите. Но, тоа прилично и ги заморува.

Секојдневно трошат премногу ментална и емоционална енергија во комуникацијата со другите луѓе. А, згора на сè, за нив е важно и да го негуваат својот уметнички дух.

Кутрите се комплетно исцрпени, па деветте часа спиење им се единствениот начин да се вратат во нормала и бидат целосни и наредниот ден.