Колекцијата слики на основачот на „Мајкрософт“, Пол Ален, вредна 1 милијарда долари ќе биде продадена на аукција

Тоа ќед биде најголемата аукција на уметнички слики во историјата


Пол Сезан неколку пати го насликал Mont Sainte-Victoire во јужна Франција. Една слика од овој сет ќе биде вклучена на аукцијата

 

Уметноста во вредност од околу една милијарда долари што му припаѓа на починатиот ко-основач на „Мајкрософт“, Пол Ален, ќе биде продадена на најголемата уметничка аукција во историјата.

Аукциската куќа Кристи соопшти дека приходите од ноемвриската продажба ќе бидат дадени во добротворни цели, како што сакаше Ален.

Колекцијата вклучува ремек-дела на Ботичели, Реноар, Дејвид Хокни и Рој Лихтенштајн.

Ален, кој го коосноваше „Мајкрософт“ во 1975 година со неговиот пријател од детството Бил Гејтс, почина во 2018 година на 65-годишна возраст.

На аукцијата ќе бидат продадени 150 уметнички дела кои опфаќаат 500 години.

Во делата е и La Montagne Sainte-Victoire од францускиот сликар Пол Сезан, проценета на повеќе од 100 милиони долари.

Извршниот директор на Кристи, Гијом Серути, рече дека аукцијата ќе биде како ниедна друга.

„Инспиративната фигура на Пол Ален, извонредниот квалитет и разновидноста на делата и посветеноста на сите приходи на филантропијата, создаваат уникатна комбинација што ќе ја направи продажбата на колекцијата на Пол Ален настан со невидена големина“, рече тој.

Уметноста беше „и аналитичка и емотивна“ за Ален, рече тој.

Колекцијата „ја одразува различноста на неговите интереси, со нивната сопствена мистика и убавина“, рече Џоди Ален, сестрата на, извршител на имотот.

Пол Ален

Ален ја напушти својата улога во Мајкрософт во 1983 година, откако му беше дијагностицирана Хоџкин лимфома, ретка форма на рак.

Во 2010 година тој вети дека поголемиот дел од своето богатство ќе го остави на добротворни цели по неговата смрт. Во тоа време тој беше 37. најбогат човек во светот според магазинот „Форбс“, со проценети 13,5 милијарди долари.

Тој беше лекуван од не-Хоџкина лимфом во 2009 година, но тој се врати, а во 2018 година почина од компликации на болеста.