Колекција на Тори Брч инспирирана од принцезата Дајана


САД– Дваесет и две години по смртта, модната индустрија и понатаму е инспирирана од стилот на Леди Дајана која го загуби животот во собраќајна несреќа во 1997 година, на 36 години.

Американската дизајнерка Тори Брч се инспирирала од стилот на Дајана Спенсер, како учителка во градинка, пред да стане принцеза.

Ревијата е одржана во музејот „Бруклин“ кој бил уреден како англиска градина.