Колегите ги наградија : Брендон Максвел има најдобра женска колекција, Лопез е модна икона


САД – Брендон Максвел и Рик Овенс  имаат најдобра женска односно машка колекција , според Советот на модните дизајнери од Америка (CFDA).  Сара Бартон од „Александар Меквин“ е прогласена за најдобар интернационален дизајнер. Пејачката и актерка Џенифер Лопез е модна икона за 2019 година, а сестрите Олсен  се најдобри дизајнери на модни додатоци.

Доделувањето на наградите во сите модни категории синоќа беше прославено на црвен гала тепих во музејот „Бруклин“ во Њујорк во присуство на холивудските ѕвезди.

Славниот дизајнер Том Форд е новиот претседател на Советот на модни дизајнери по 13 годишно владеење на Диане фон Фурстенберг.