Колата украдена во Велес пронајдена во близина на Градско


Колата која беше украдена во Велес, вчера е пронајдена во близина на Градско. Според сопственикот Кристијан Јордановски очевидец ја видел колата и одма ја пријавил. Колата е малку оштетена, крадците уште не се пронајдени, но полицијата работи на тоа.

Јордановски во петок сабајле ја оставил колата BMW 320 пред главната пошта во Велес, кога излегол од работа не ја видел.  Тој преку социјалните мрежи бараше помош да ја најде, па се обрати и кај нас. Јордановски среќен се заблагодари на сите кои што учествувале во потрагата.