Кокев со нова колекција инспирирана од пустинската роза


Модниот бренд Кокев вечер во Скопје ќе одржи ревија на која ќе биде презентирана летната колекција 2022 под мотото Пустинска роза.

Колекцијата преку креациите не носи во едни нови простори, во еден пустински сон каде дури и времето е опипливо.

Режијата на ревијата е на Дејан Пројковски, сценографијата е на Искра Јанковска Михајловска, за кореографијата е заслужна Олга Панго, а музиката е на DJ Соња Исмаил.