Која земја колку се обезбедила со гас во Европа?

Залихите на гас во европските подземни складишта во август го надминаа планираното ниво од 80% за претстојната грејна сезона. Во исто време, увозот на течен природен гас во Европа падна за 14% минатиот месец во споредба со јули, но сепак достигна рекордно ниво во август.
Според податоците, европските складишта за гас во август го зголемиле својот волумен за 13 милијарди кубни метри, што е трет најголем волумен за овој месец од 2011 година. Повлекувањето на гас од складиштата е најниско од 2017 година – само 0,85 милијарди кубни метри.
Заклучно со 31 август, резервите на складиран гас во Европа се зголемија на 80,35% од капацитетите, што е за 0,3 проценти над петгодишниот просек за тој датум. Во моментов се складирани околу 86,5 милијарди кубни метри гас. Земјите-членки на ЕУ претходно се обврзаа да ги наполнат своите складишта до најмалку 80 отсто до зимата 2022-2023 година и до 90 отсто за сите наредни зими. Во 2021 година, максималното ниво на полнење на складиштето беше забележано на 21 октомври на нешто повеќе од 83 милијарди кубни метри (77,28%).
Највисоки нивоа на складирање се забележани во Португалија и Полска ( 100% и 99,3%), во Франција (91,89%), Шведска (90,8%) и Данска (94,62%). Германија има 84,26%, Италија – 82,56%, Шпанија – 84,71%, Холандија – 77,78%, Чешка – 82,12%, Белгија – 89,12% и Словачка – 75,01%. Петте европски земји со најниски стапки на искористеност на складиштата за гас се Латвија (49,7%), Бугарија (61,74%), Унгарија (62,52%), Австрија (66,86%) и Романија (73,5%).
Капацитетот за складирање се пополнува со брзо темпо, главно поради купувањето на течен природен гас (LNG) по сегашните ултра високи цени во услови на намалени испораки од Русија. Во јуни средната цена на гасот во Европа беше околу 240 долари за 1.000 кубни метри, во јули – околу 850, а во август – 215 долари за 1.000 кубни метри. На својот врв цената на гасот достигна 3.541 долар за прв пат од почетокот на март, што ја приближи до историски рекорд на 7 март 2022 година,кога берзанската цена беше речиси 3.900 долари.
Сепак, новото исклучување на „Северен тек“ придонесе за тешкотиите на Европа во септември – снабдувањето со гас е целосно прекинато од ноќта на 31 август до ноќта на 3 септември поради поправки на единствената преостаната компресорска единица што се уште е во функција. По завршувањето на работите и техничкото отстранување на објектот, преносот на гас ќе биде вратен на 33 милиони кубни метри дневно.
Дополнително, во септември европските земји ќе се соочат со значителен пад на извозот на гас од Норвешка поради големиот број планирани годишни поправки на полињата и инфраструктурата за пренос на гас во земјата. Во август испораките останаа на ниво меѓу 300 и 330 милиони кубни метри гас дневно. Обновувањето на испораките од Норвешка во Европа може да се очекува само на крајот на септември.
Терминалните испораки на течен природен гас (LNG) во Европа во август беа рекордни , а капацитетот на цевководите во Европа сега е искористен 64%. За само осум месеци, количествата на течен природен гас од терминалите во европскиот систем за пренос изнесуваа околу 84,3 милијарди кубни метри, а за споредба, во истиот период „Гаспром“ извезе 82,2 милијарди кубни метри гас во земји надвор од ЕУ (вклучувајќи ги и испораките во Кина ).
Со рекорден увоз од земјите на ЕУ, во 2022 година производителите на течниот природен гас ќе бидат најголеми снабдувачи на гас во Европа со учество од 32%, покажуваат податоците на Европската мрежа на преносни системи за пренос. Испораките од Северното Море (главно норвешки гас) се на второ место со учество од 25%, а на трето место со удел се испораките на гас од Исток (руски гас, украински гас и повлечените европски компании од украинските складишта за гас) со 24%.