Која е порно ѕвездата поради која Трамп може да оди во затвор

Доналд Трамп би можел да се соочи со повеќе од 30 точки на обвинение. Тој ќе биде обвинет за тајни плаќања на порно ѕвездата Сторми Даниелс непосредно пред претседателските избори во 2016 година


Поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс и нивниот момент на задоволство може да го чини Доналд Трамп слобода.

Даниелс, поранешна порно ѕвезда, изјави дека имала сексуална врска со поранешниот претседател и дека добила 130.000 долари пред претседателските избори во 2016 година во замена да не зборува за нејзината средба со Трамп, кој негира дека тоа се случило.

Уште во 2018 година, Трамп им кажа на новинарите дека не знае ништо за исплатата на Даниелс, но таа детално опиша сè во нејзината книга истата година. Според една верзија, Сторми била поткупена од адвокатот на Трамп, а Трамп подоцна дознал за тоа и му ги вратил парите.

Откако имаше сериозни разговори за покренување обвинение против Доналд Трамп, Сторми минатата недела го „сруши“ и Порнхаб. Пребарувањата за нејзините секс снимки на таа порно страница пораснале за неверојатни 21 илјада отсто.

Се чини дека сите сакаа да ја видат Сторми на дело минатата недела, напиша Њујорк пост.

Даниелс е во пензија, односно повеќе не настапува во филмови за возрасни.

Сторми е родена во Луизијана во 1979 година, а нејзиното вистинско име е Стефани Клифорд.

Во младоста, вели таа, била сексуално злоставувана и сиромашна, а во текот на кариерата била стриптизерка, порно актерка, продуцент и режисер на филмови за возрасни.

Таа го запознала Трамп на голф турнир, а вечерата со Трамп завршила, како што и самата кажала, со секс. Наводно, бившиот претседател и ветил дека ќе ја уфрли во неговото реално шоу The Apprentice.

Историско обвинение против Доналд Трамп

Инаку, откако големата порота во Њујорк одлучи да покрене историско обвинение против Доналд Трамп, поранешниот американски претседател може да се соочи со повеќе од 30 точки поврзани со бизнис измама.

Трамп ќе биде обвинет за тајни плаќања на порно ѕвездата Сторми Даниелс непосредно пред претседателските избори во 2016 година, објави Си-Ен-Ен.

Никогаш во американската историја актуелен или поранешен претседател на САД не се соочил со кривично гонење.

Адвокатот на Трамп потврди дека читањето на обвинението најверојатно ќе биде во вторник, кога треба да се појави поранешниот претседател пред судот.

Портпаролот на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, во четвртокот објави изјава во која се вели дека канцеларијата контактирала со адвокатот на Трамп за да го „координира неговото предавање“ за поднесување на „обвинението кое останува тајно додека не се прочита“.

Сузан Нечелес потврди дека нејзиниот клиент се очекува да биде изведен пред суд во вторник.

„Очекуваме судењето да се одржи во вторник“, рече адвокатот на Трамп.

Трамп преку својот портпарол порача дека ова не е обвинение за кривично дело, бидејќи немало кривично дело, туку дека станува збор за политички прогон и лов на вештерки.