Кој загуби и кој заработи најмногу пари годинава


Оваа година беше многу лоша за светските милијардери кои изгубија огромен дел од своето богатство.

Најмногу загубил сопственикот на „Тесла“ и на „Твитер“, Илон Маск. Неговото богатство се намали за огромни 132 милијарди долари оваа година.

Тој сѐ уште има 139 милијарди и е вториот најбогат човек во светот, пишува Бизнисинфо.ба.

Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, годинава е во минус од 84 милијарди и падна на петтото место во светот.

 

 

Моментално најбогат Французин е Бернар Арно со 159 милијарди, иако годинава изгубил околу 19 милијарди долари.

Индиецот Гаутам Адани е единствениот во топ 10 светски милијардери кој годинава го зголемил своето богатство за речиси 34 милијарди долари и моментално е трет најбогат човек во светот.