Кој сакал да го убие главниот обвинител на Бугарија?
Бомбата експлодирала токму во поментот кога на тоа место поминувал автомобилот на Иван гешев. Истрагата вели дека целта била тој да се убие, а не да се заплаши
Обид за атентат на главниот обвинител вна Бугарија денеска предизвика голем метеж во бугарската јавност. Покрај автомобилот на обвинителот Иван Гешев, кој се движел во колона експлодирала експлозивна направа со голема моќ. Директорот на Националната истражна служба и заменик-главен обвинител Борислав Сарафов соопшти дека се работи за експлозија на патот која била насочена кон автомобилите. Немаше повредени. Според БНТ, по она што се случи, обвинителите, истражителите и судските службеници протестираат во вторник.
„Главниот обвинител со својот автомобил патуваше кон Софија и на многу голема кривина каде што брзината е намалена – се случи експлозија. Беше исклучително силна. Според очевидци, огнениот столб што избувнал бил 4-5 метри. На лице место има кратер со длабочина од 30-40 сантиметри и пречник од близу 3 метри“, посочи тој.
Експлозијата се случила во моментот кога покрај местото минувал автомобилот на Гешев.
Според Сарафов, целта на експлозијата била да се убие, а не да се заплаши Гешев. „Бомбата имаше еквивалент на околу 3 килограми ТНТ, според пресметките на експертите. Во неа имало и парчиња. Тие завршија на околните дрва. Очигледно бомбата имала намера да убие. Металните топчиња што ги најдовме беа со големина на човечки нокт“, истакна тој.
Пронајдени се маркерите што ги оставиле сторителите. „Тие беа ориентирани така што кога ќе помине автомобилот, бомбата да се активира. Исклучително професионално подготвен обид и очигледно добро изведен. Само случајност го спаси јавниот обвинител и неговото семејство и голем број други луѓе кои поминуваа на или околу времето претходно на оваа патека“, нагласи тој.
Не е исклучена ниту една верзија. Најверојатно сторителите биле тука и имале визуелен контакт со патот. Не постои друг начин да се процени моментот на експлозијата. Експлодираше буквално во моментот кога автомобилот на државниот обвинител се израмни со местото на поставената бомба. Експлозијата го помести автомобилот лево, истакна Борислав Сарафов.
Претходно МВР официјално го потврди инцидентот, но не посочи дали се работи за експлозија. Несреќата се случила на патот Софија – Самоков во 11 часот и 45 минути, извести главниот секретар на МВР, Петар Тодоров.
„Нема повредени – ниту главниот обвинител, ниту неговата придружба“, рече тој.
Активирани се сите сили за расветлување на случајот. „Неприфатливо е да постои закана по животот на кој било бугарски државјанин, а нашите постапки ќе бидат категорично во одбрана на здравјето, животот и имотот на бугарските граѓани, како и секогаш“, нагласи главниот секретар на Министерството за внатрешни работи.
Според бТВ, Иван Гешев требало да отпатува за Турција, но во последен момент се премиеслил и отишол за настан за млади обвинители.
Обвинители, истражители и судски службеници ќепротестираат пред судовите ширум земјата поради нападот на главниот обвинител.
Обвинителите беа децидни дека повеќе нема да толерираат да бидат предмет на непрестајни напади од политичари, економски кругови и правната заедница.
Политички реакции имаше од сите страни. Во нив се вели дека обидот за атентат на Иван гешев е напад на државата и дека денешниот настан потсетува на оние од 1990-те.
Експлозијата се случи неколку недели откако обвинителството објави дека открило докази за заговор против Гешев со цел да се компромитира и смени од функцијата.
Пред патувањето, Гешев побара владините претставници да дадат извештај за тоа како земјата ги спроведува санкциите на ЕУ против Русија. „Обвинителството бара од советот на министри и од сите министерства и сектори кои учествуваат во работата на координативната група [за руските санкции] информации за тоа кои конкретни мерки и дејствија се преземени, какви одлуки се донесени во врска со наметнатите санкции“, се вели во соопштението.