Кој подобро паркира, мажите или жените?


Неодамна беше објавено истражување за сообраќајни несреќи на британските патишта, кое покажа дека безбедноста на патиштата би била многу поголема доколку автомобилите се возат исклучиво од жени. Но, што е со ситуацијата со паркирањето? Најдете го одговорот во следните редови.

Осигурителната компанија „Forbes Advisor“ спроведе истражување на примерок од 2.000 возачи во Велика Британија и откри дека мажите имаат многу повеќе проблеми со паркирањето отколку жените.

Еден од пет возачи (21 процент) учествувал во помал судар додека се паркирал минатата година, во споредба со 14 проценти од жените. Осигурителната компанија го дефинираше сударот како удар во друго возило, столб, ѕид или ограда.

Според „ThisisMoney“, дури 16 отсто од мажите удирале во друг автомобил или стационарен предмет најмалку четири пати во изминатата година додека паркирале, во споредба со само осум отсто од жените.

Интересно е тоа што и покрај статистиката која покажува дека жените се подобри при паркирање, повеќе од половина од мажите (53 проценти) се оценуваат себеси како вешти возачи кои немаат проблеми со паркирањето. Само 37 отсто од жените го мислат истото за себе.