Кој од Европа најмногу троши за одмор?


Државјаните на Луксембург се рекордери во Европската унија по трошење на годишен одмор.

Ова го покажуваат податоците за 2017 година кои ги објави европското биро за статистика, Евростат.

Според тие податоци, Луксембуржаните на годишен одмор пред две години просечно потрошиле 769 евра, а следат Австријците со околу 641 евра и малтежаните со околу 633 евра, додека просекот на ЕУ е 377 евра.

Повеќе од 600 евра по годишен одмор просечно трошат уште и Данците и Кипраните, додека над 500 евра даваат Белгијците, Германците и Ирците. Во првите десет држави со највисоки трошоци за одмор се и жителите на Холандија и на Италија.

Хрватите со 320 евра потрошени за годишен одмор се малку под просекот на ЕУ, но во средина налистата.

Статистиката на Евростат за 2017 година ги опфати и Норвешка и Швајцарија кои не се членки на ЕУ. Според тие податоци Норвежаните трошат повеќе од жителите на Луксембург (827 евра по годишен одмор), додека Швајцарците се веднаш зад Луксембуржаните со просечна потрошувачка од 759 евра.