Кој ќе го наследи Сари во Јувентус – Зидан рекол „не“, во игра Почетино, Пирло …


Денес, Јувентус го отпушти тренерот Маурицио Сари, по вчерашната елиминација од Лигата на шампиони. Најдобриот клуб во Серија А загуби од Лион во осминафиналето (0:1 и 2:1) поради правилото гол на гостински терен. Сари работеше во Јуве само една сезона – го предводеше клубот пред почетокот на сезоната 2019/20. Под негово водство екипата стана шампион на Италија, но не успеа да ги освои Купот и Суперкупот на земјата, а чашата ја прелеа елиминацијата во Лигата на шампионите.

Јувентус се обидува да го донесе на тренерската позиција предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Французинот е најпосакуваната опција меѓу газдите на „старата дама“, објави „Sport Mediaset“.

Пред неколку дена Јувентус веќе му предложи на Зидан, но доби љубезно „Не“. Сепак, испаѓањето на Реал од Лигата на шампионите, раководството на „бјанконерите“ ќе направаи уште еден обид да го убеди Французинот.

Веројатноста Антонио Конте или Масимилијано Алегри да се вратат во Јувентус се оценува како мала.

Андреа Пирло може да стане нов главен тренер на Јувентус, пренесува „Sky Sport Italia“. Претходно, тој го предводеше младинскиот тим на клубот од Торино.

Пирло играше за Јувентус од 2011 до 2015 година. Како дел од тимот, тој стана четирикратен шампион на Италија. Го освои Суперкупот на земјата двапати, националниот куп еднаш.

Претходно, медиумите јавија дека Јувентус го контактирал Маурисио Почетино за да го замени Маурицио Сари како тренер, откако во петокот вечер тимот беше исфрлен од Лигата на шампионите.

Иако немаше навестување веднаш по натпреварот дека Сари би можел да си замине, пренесува „Спорт Италија“, оттаму тврдат дека веќе имало контакти со поранешниот менаџер на Тотенхем.

Почетино оствари голем успех со „петлите“, во кои мина пет години и ги одведе до финалето на ЛШ во Мадрид 2019 година.

Сепак, бидејќи новата сезона започна лошо, Почетино беше заменет со Жозе Мурињо во ноември минатата година и оттогаш е неактивен во тренерството.

Од друга страна, Сари ја освои титулата во Италија со Јуве, но само со бод предност пред Интер, па никогаш не убеди никој за доминацијата на клубот од Торино.

Според италијанските медиуми, претседателот на Јувентус, Андреа Ањели би сакал да го доведе Зинедин Зидан на позицијата тренер, но тоа во моментов не е можно, бидејќи Зидан е врзан со Реал.

Во приказната беше и Симоне Инзаги, кој со Лацио покажува солидни резултати, но на крајот може да се задоволи и со Почетино на чело на „бјанконерите“.