Кој е новиот сопственик на „Дормео“?


Кој е кинескиот бизнисмен и неговата германска компанија кои го купија бизнисот на словенечкиот „Дормео“ кој претходните месеци беше пред колапс? 

Како што пишува „Блиц“, компанијата „Матрацен Конкорд“( Matratzen Concord), која го купи „Студио Модерна“ и малопродажбата од словенечкиот бизнисмен Санди Чешко, иако е непозната на домашниот и на регионалниот пазар, е добро позиционирана на европскиот и германскиот пазар. Тоа е најголемиот малопродажен синџир за продажба на душеци, рамки, чаршафи и сета друга „опрема за спиење“.

Како што се претставува компанијата, „Матрацен Конкорд“ е „консултант за спиење број 1“ во Европа и работи од 1986 година. Компанијата е во сопственост на кинески бизнисмен кој исто така бил снабдувач на „Студио Модерна“.

Како што беше истакнато, компанијата моментално работи на три пазари: Германија, Австрија и Швајцарија и таму има околу 850 малопродажни продавници.

Пред повеќе од 20 години, самиот „Матрацен Конкорд“ беше продаден на компанијата „Бетер Бед Холдинг“, која на светскиот пазар тргува со кревети, душеци и придружна опрема за спиење и во своето портфолио има неколку синџири слични на „Матрацен Конкорд“. Во 2019 година, „Бетер Бед“ го продаде германскиот продавач на душеци на инвеститорот „Меџикал онор“.

– Поради руско-украинската војна го загубивме третиот по големина пазар, ни беше уништен магацинот во Украина, а санкциите имаа уште поголемо влијание врз бизнисот, поради што моравме да ја затвориме компанијата во Русија, како и да се вратиме целиот долг кон ВТБ банка, рече Чешко.

Санди Чешко, креаторот на „Дормео“, кој во 20 земји во светот остваруваше пола милијарда евра годишно, даде ексклузивна изјава за „Блиц Бизнис“, а сега страда сериозно од последиците поради глобалните проблеми.

– Украинската војна имаше повеќекратно негативно влијание врз системот Студио Модерна и поради неа го загубивме третиот по големина пазар. На самиот почеток на војната, магацинот на нашата компанија беше бомбардиран и уништен. За среќа нема човечки жртви бидејќи нападот се случил ноќе. И покрај се, Украина се уште работи и има 100 вработени –  изјави Чешко.

Се уште се бараат решенија за останатиот дел од концернот кој има сериозни финансиски проблеми. Деновиве гледаме катанци во продавниците на „Дормео“ во Белград, пишува „Блиц“.

Делот што германската компанија сега го купи од „Студио Модерна“ претставува околу четвртина од досегашните приходи.

– Останатите делови на Студио Модерна се уште ги реструктуираме, уште не можам да кажам повеќе, изјави Чешко за Финанце.

Во средината на мај ги продаде брендовите Дормео, Делимано, Ровус и Топ Шоп на швајцарската компанија Дормео на претприемачот Дарко Хорват.